Веќе неколку недели во центарот на вниманието се шегите на контото на Бујар Османи кој изјави дека ако само еден месец не добие плата, тогаш ќе мора да се задолжува за да преживее. За себе кажа дека не може да биде обвинет за корупција.

Министерот за надворешни работи и кандидат за претседател изјавидека ако еден месец не земе плата, дека веднаш ќе биде мора да се задолжи.

„Пријателите ми се смеат кога им велам дека ако еден месец да не добијам плата, морам да се задолжам. И сите ми велат: „Нема шанси, толку години функционер…“ Еве кажувам најискрен дека еден месец да не добијам плата, јас треба да се задолжам за да преживеам“, рече Османи.

Тој тогаш изјаци дека е против корупција.

„Мене може да ме обвините за се, ама не за корупција. Сфатив дека корупцијата е врзана со карактерот“, изјави Османи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Сепак „скромниот“ минситер за надворешни работи и не е толку невин како што се претставува. Вчеравечер Изет Меџити потврди дека токму тој ја легализирал куќата на Бујар Османи. На тој начин, бесправно се стекнал со имотот.

„За првпат кажувам дека кандидатот за претседател Бујар Османи својата куќа ја има изграденo на диво, а јас како градоначалник му ја легализирав нему како и на многу други граѓани, па наместо да плаќа комунални такси по 110 евра за квадратен метар, тој платил едно евро, што значи самиот тој изградил куќа на диво“, рече Изет Меџити.

Меџити не ги штедеше критиките. Тој кажа дека и Артан Груби изградил дивоградба во близина на стадионот во Чаир.