Гого Славески со седми триумф ја зацврсти репутацијата на еден од најдоминантните борци во организацијата

Македонскиот борец Горјан Гого Славески го запиша својот седми спектакуларен триумф во БКФЦ, откако го совлада Џа Фар Форт со технички нокаут во првата рунда. Борбата траеше само една минута и 34 секунди, а Славески повторно покажа зошто важи за еден од најопасните и најагресивните борци во лигата.

Од самиот старт ја презеде контролата и влезе со силен напад што го натера судијата четири пати да ја прекине рундата за да ја процени здравствената состојба на Форт. По последната интервенција, судијата оцени дека противникот не може да продолжи, што му донесе убедлива победа на Славески.

Со овој нов триумф, Славески го подобри својот професионален скор на седум победи и само еден пораз. Како поранешен шампион, со оваа доминантна изведба испраќа јасна порака дека е подготвен да се врати во борбата за титула. Неговиот експлозивен стил, моќта на ударите и серијата убедливи завршници го позиционираат како борец што секој ривал мора сериозно да го почитува.