Снегот предизвика хаос во сообраќајот.

Сообраќајна несреќа со пет возила

Во скопската населба Автокоманда, утрово се случи верижен судир на булеварот Александар Македонски.

На снимките објавени од ТВ21 се гледаат судрени пет автомобили.

„Снегот кој од рано утрово интензивно паѓа во Скопје предизвика застој во сообраќајот и отежнато движење,“ изјавија возачи затекнати на местото на несреќата.

Погледнете го видеото.