Снимка од инцидент во скопската општина Аеродром се појави во јавноста, на која се гледа како по сообраќаен судир, едно лице физички напаѓа возач на тротинет.

Според информациите, настанот се случил на 26 март 2026 година околу 11:10 часот, кога по претходно недоразбирање во сообраќајот, А.С.(32) од Скопје, управувајќи патничко возило „БМВ“, удрил во тротинет што го управувал З.И.(41) од Скопје.

По судирот, осомничениот излегол од возилото и физички го нападнал другото лице.

На видеото се гледа како возачот на тротинет лежи на среде улицата, додека над него стои возачот на автомобилот, а во позадина се слушаат вознемирени реакции и викање од присутните.

Подоцна, околу 16:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода осомничениот и го привеле во Полициската станица Кисела Вода.

Од МВР информираа дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ согласно член 386 од Кривичниот законик.