Најмалку 11 лица ги загубија животите во новиот земјотрес која ја погоди Турција, а се почувствува и во Сирија.
Епицентарот на земјотресот беше во близина на местото Хатај кое е едно од најпогодените во првиот земјотрес кој пред две недели ја погоди Турција, а во кој животот го загубија над 41.000 лица.
Турската управа за итни случаи и природни катастрофи соопшти дека земјотреси со интензитет од 6,4 и 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погодиле синоќа провинцијата Хатај и биле проследени со најмалку 32 последователни потреси. Потресите се почувствувани и во Сирија, Кипар, Грција, Египет, Израел и Либан.
Another #video showing the moment of the #earthquake that occurred today in #Hatay, #Turkey, recorded by the front #camera of a #car in the city of #Antakya. #TurkeyEarthquake pic.twitter.com/XBXcpS8v9g
— 🇹🇷 🇬🇧 Turkey Türkiye (@HispanatoliaEN) February 20, 2023