Мексиканецот бил прилично расположен и тоа се гледа и на видео снимката која стана хит на интернет, а на која се забележува дека тој им дава „наредба“ на музичарите да му ја отсвират неговата омилена песна “Cabrón y Vago” (Гад и кошар) пред да дојде неговата, наскоро, поранешна сопруга.
„Очевидците“ тврдат дека Мексиканецот бил среќен како мало дете кога ги потпишувал документите за развод, а на жената и’ рекол дека едвај го чекал тој ден. Сепак, непознато е која е причината за разводот, но едно е сигурно – снимката од доаѓањето на оркестарот на тоа случување стана вирално.