Во моменти кога македонската јавност е вознемирена од случката со киднапираната, па убиена Вања денеска одново нова драма, која за среќа не заврши кобно. Како што дознаваме, утрово во училишниот двор во ОУ „Страшо Пинџур“ Карбинци, Штипско имало обид за киднапирање на две деца.

Неофицијално, „голф“ со скопски регистарски таблички се обидел насилно да внесе две деца во возилото. Брзо реагирале другите деца и персоналот,  по што киднаперите не успеале во својата намера.

Директорката на училиштето, Наталија Костова го потврди настанот во телефонски разговор за ТВ Стар.

Костова ги одби наодите дека станува збор за братче и сестриче, и накратко кажа дека едно од децата било од македонска, а друго пак од турска националност. Директорката вели дека киднаперите успеале да избегаат, а дека моментално се вршат интензивни разговори со полицијата.

Повеќе може да погледнете од видеото во продолжение:

Пред само два дена се обелодени дека малата Вања Ѓорчевска од Скопје е ликвидирана по нејзиното киднапирање во нејзиниот влез во строгиот центар на градот. Во моменти додека јавноста е чувствителна на оваа тема, дури на тоа не ги спречува киднаперите во нивната намера.

Од МВР најавија повеќе детали во текот на денот.