Во сообраќајна несреќа во канадската провинција Манитоба најмалку 15 луѓе загинаа откако камион удри во возило во кое се превезувале стари лица и инвалиди.
Според информациите на тамошните медиуми, несреќата се случила во близина на градот Карбери, 170 километри западно од Винипег.
Доколку се потврди бројот на жртвите, ова ќе е една од најсмртоносните сообраќајни несреќи во историјата на Канада.
Во април 2018 година, 16 луѓе загинаа во друга канадска општина откако камион удри во автобус кој превезуваше јуниорски хокеарски тим.
Возачот на камионот кој беше виновен за несреќата беше осуден на 8 години затвор.