Вчера по пријава од граѓани дека има заглавено куче на 11 кат во објект во изградба, заловувачите на „Лајка“, Зоран и Магдалена херојски се качија за да го спасат куче, кое според пријавата од граѓаните било заглавено повеќе од 4 дена, објави СкопјеИнфо.
– Кучето е сега во нашето прифатилиште каде ќе го помине хуманиот третман и ќе вложиме напори да ѝ најдеме дом на Лора. Ова херојско дело заслужува голема пофалба, им благодариме на Зоран и Магдалена за брзата и хумана реакција, велат од „Лајка“.