Во текот на вчерашниот ден светот го обиколи снимката од штотуку родено бебе спасено од под урнатините во земјата. Неодвоената папочната врвца со мајката, е доказот дека мајката за време на земјотресот го родила бебето. Тоа е во добра здравствена состојба, но неговата мајка за жал починала веднаш откако на свето го донела малото девојче.
Телма ја пренесува оваа неверојатна сториа во целост
Спасувачките тимови во Сирија, кои преземаат натчовечки напори на студеното време за да бараат жртви од разорниот земјотрес, апелираат за итно потребна тешка опрема за спасување животи. „Спасувачките тимови ги пробуваат сите можни средства за да ги извлечат жртвите од под урнатините… Работата продолжува, но ги повикуваме сите организации да ги забрзаат своите напори и да помогнат во спасувањето на луѓето кои се уште се заглавени под урнатини“, е пораката на спасувачите од Сирија.
Дваесет и седум спасувачки тимови се мобилизирани во потрага по преживеани по разорниот земјотрес во Турција, објави комесарот за кризни состојби на Европската унија, Јанез Ленарчич.