Спасовски вели дека т.н. Пржинска влада во 2016-та била формирана заради „режимот кој владееше“

Кога говориме за „Пржинската влада“ говориме за едно време кога тоа мораше да се случи за државата да биде ослободена од режимот со кој се владееше, започнува Спасовски за техничката „пржинска“ влада.

Тој детално го објаснува овој модел и според него веќе истиот не е потребен.

Во овој момент според мене лично немаме потреба од „Пржинска влада“ или од било каква друга влада затоа што институциите функционираат под полн капацитет без никаква злоупотреба, вели Оливер Спасовски.

Спасовски потсетува на настани во минатото додека ВМРО-ДПМНЕ бил на власт и тогаш државните органи се користеле за партиски цели. Потценува дека тогаш народот честопати се уценувал, а веќе тоа го нема.

Оливер Спасовски вели дека веќе нема прислушувања како порано.

Има уште многу да се работи, но напредокот е многу голем, дава краток коментар.