Врие од припадници на МВР во дворот и околу прилепската болница, откако две поголеми групи во близина на болницата се обиделе да се пресметаат.

Лицата неофицијално биле наоружани со огнено и ладно оружје, а засега не се познати причините за настанатиот инцидент.

Полицијата во моментов трага по инволвираните лица.