Кузмановски го навлече гневот од публиката заради употребата на срамна терминологија
Капитенот на битолски Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, од јунак на теренот се претвори во предмет на жестоки критики од јавноста. Иако беше главната фигура во победата за шампионската титула во Скопје, неговата вулгарна реакција по натпреварот фрли сенка врз целиот успех. Наместо спортски и достоинствено да ја прослави титулата, Кузмановски скандираше со мегафон: „И се на ку*от, Пелистер е шампион“, што предизвика револт кај многумина. Од него, како капитен не само на клубот, туку и на македонската репрезентација, се очекува повисоко ниво на однесување, особено пред камери и навивачи од сите возрасти. За многумина, ова беше момент на разочарување и јасен пример за тоа како не треба да се претставува еден спортски лидер.
View this post on Instagram
Јавноста бурно реагира
Коментарите на социјалните мрежи не задоцнија. Под видеото од прославата се редат пораки од типот: „Срамота, не ти личи“,
„Не се пцуе со деца околу тебе“, „Капитен си, а се однесуваш како навивач од трибина“. Останува да видиме дали ќе се извини Кузмановски за ваквиот чекор. Повеќе може да погледнете ТУКА.
Голем дел од навивачите изразија незадоволство, велејќи дека ваквото однесување го нарушува имиџот на клубот и спортот во целина.
Обраќање по натпреварот
По натпреварот, Кузмановски се обиде да ја сврти фокусот на тимскиот успех:
- „Верував во екипата, од почетокот до крајот и се надминавме. Ова е најдрагата титула за мене, за мојот матичен клуб, за мојот град и за нашите навивачи. Поминавме многу заедно и заслуживме да дојдеме каде што сме. Вечерва Македонија е зелено-бела. Ќе славиме титула три дена“, изјави тој.
Но, за многумина овие зборови не беа доволни за да се избрише горкиот вкус од скандалозниот момент.
Ново дерби во септември
Новата сезона ќе започне во септември, а првиот голем тест повторно ќе биде вечниот дуел меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 – овојпат во борба за Суперкупот на Македонија.