Натпреварот меѓу репрезентациите на Албанија и Србија: провокативни пораки и симболи на улиците на Тирана
Од раните утрински часови денеска во главниот град на Албанија, Тирана, владее зголемена напнатост и еуфорија во пресрет на вечерниот натпревар меѓу Албанија и Србија, кој е закажан за 20:45 часот.
На улиците има голем број навивачи облечени во црвено-црни дресови, со знамиња и транспаренти. Во некои делови на градот се забележуваат и симболи поврзани со ОВК, како и пораки со навредлива и политички чувствителна содржина насочени кон Србија. Забележани се и инциденти на палење на српското знаме.
Засилено обезбедување и зголемено полициско присуство
Локалните медиуми известуваат дека албанските власти имаат засилено полициско присуство во Тирана заради одржување на јавниот ред и безбедност пред, за време и по натпреварот. Организаторите и властите апелираат до навивачите за воздржаност и фер однесување.
Според информации од терен, дел од навивачките групи извикувале и пароли кои содржат говор на омраза, што предизвикало загриженост кај дел од јавноста и регионалните медиуми. Не се регистрирани физички инциденти до овој момент.
Натпреварот меѓу репрезентациите на Албанија и Србија се смета за натпревар со висок безбедносен ризик, имајќи ја предвид и нивната историја од претходните средби. Обете фудбалски федерации и официјалните претставници упатија апел за фер навивање и спортска атмосфера.
ааааа ааааа