Новак Ѓоковиќ се наоѓа во центар за притвор за имигранти во Австралија и се соочува со можна депортација назад во Србија, откако во четвртокот му беше одбиена визата за влез во Австралија.

Додека се чекаше одлуката дали најдобриот тенисер на светот ќе игра на „Австралија опен“, светото упати многу поддршка и сочуство за неговата ситуација. А, Србите, како што знаат само тие се погрижија да не биде осамен.

На видеото може да погледнете како се вее српското знаме, додека група игра оро пред „хотелот“ во кој е сместен тенисерот.