Србите го слават Свети Сава. Со пораки за братство меѓу македонскиот и српскиот народ, богата културно-уметничка програма и присуство на бројни политички имиња беше претставена културата, духовноста и традицијата на српскиот народ.

Пораката на српскиот претседател Вучиќ го одбележа овој настан кој потенцираше дека Македонците се најблизок народ на Србите. Вучиќ се осврна на менувањето на Уставот, потенцирајќи дека Србија не се меша во внатрешните работи на нашата држава.

Претседател сум на Србија и не се плашам да кажам. Македонците ни се најблизок народ. Ние поблизок народ од Македонците немаме. И тоа е нешто што не е скриено. Ние ништо не бараме од Македонија, единствено што би сакале е да градиме подобри и поблиски односи. Ние од вас не бараме промена од Уставот или што и да било. Тоа е ваша внатрешна работа, категоричен беше Вучиќ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го честиташе овој празник велејќи дека овој празник е доказ за заемната почит и меѓусебно разбирање меѓу граѓаните без оглед на нивните разлики. Мицкоски

Толеранцијата и соживотот се вековна традиција која се негува во нашата заедничка Татковина. Токму довербата и уважувањето меѓу двата народи, српскиот и македонскиот, се најцврстиот мост на пријателство кој може да се изгради. Нивната лојалност е доказ за тоа како се придонесува и гради државата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот во заминување, Диммитар Ковачевски се осврна на заедничката иднина.

Нашите држави имаат заедничка иднина која зависи од нас. Просперитетот на нашите граѓани е современ регион втемелен на европски вредности, демократски дијалог, без меѓусебно негирање. Нека духовникот Свети Сава биде како треба да ги почитуваме традицијата и универзалните вредности, вели Ковачевски

Претседателот на државата, Стево Пендаровски рече дека „српската заедница е нераскинлив дел од македонската мозаик и активно придонесува за развојот на нашата македонска татковина“.

Инаку славниот Свети Сава, првиот српски архиепископ. Бил син на великиот жупан Стефан Немања. Ги презрел богатството, почестите и царското достоинство и се замонашил на Света Гора. Неговиот пример подоцна го следи и татко му, кој во монаштвото ќе го добие името Симеон. Свети Сава се упокоил во 1236 година.