Припадници на српската Управа на сообраќајната полиција синоќа пресретнаа возач што се движел во спротивна насока кај Грочка, на автопатот Белград – Ниш.

Никој не е повреден, а против возачот е поднесена прекршочна пријава, објавуваат српските медиуми.

Српското МВР на својот официјален инстаграм-профил сподели видео од запирањето на возачот.