Независниот пратеник Александар Јерковиќ вечерва пријавил во полиција дека во Кошутњак бил нападнат од непознати лица.
По инцидентот, според Курир, Јерковиќ завршил во Ургентниот центар каде му биле констатирани полесни повреди.
На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот на кое се гледа како Јерковиќ се расправа со непознат маж, а набрзо се појавуваат уште неколку лица, по што има тепачки и остри зборови.