СДС и Битиќи да сe извинат, чии деца и кој родител нарекоа кретени? Праша на денешната прес-конференција пратеничката Дафина Стојаноска.

24 часа откако Битиќи нарече родител и деца кретени од собраниска говорница, СДС молчи и не се извинува. Огромен е очајот во СДС кога мора да молчат на изливите на примитивизам на нивни пратеници и не смеат да ги осудат и да се оградат. Толку ли се плаши Филипче од Битиќи, па не смее да се огради од таквиот став? Толку ли се плаши Филипче од Битиќи, па не смее ниту да помисили, а не пак да побара од Битиќи да се извини? Или пак СДС и Венко Филипче со тоа што молчат и не се оградуваат ниту извинуваат го делат ставот на Битиќи дека родител и неговите деца се кретени, истакна Стојаноска.

Чесно е Филипче и СДС да се изјаснат. Граѓаните мора да знаат што застапува опозицијата, какви ставови и какви вредности, додава Стојаноска.