Ние се браниме меѓусебно, му порача Столтенберг на Ковачевски во контекст на разговорите за Украина.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, утрово по средбата со премиерот Димитар Ковачевски, порача дека разговарале за состојбата во и околу Украина и дека треба, како земја членка, да бидеме подготвени за секакви сценарија околу кризата, па и за најлошото.

-Има значително движење на руските воени сили кон Белорусија. Ова е најголемо распоредување на сили што е видено од Студената војна, со очекување да се ангажираат 35.000 борбени трупи, специјални сили, борбени авиони и ракетни системи, што е покажување на модерните способности на земјата. Ова ќе се искомбинира со годишните нуклеарни вежби на Русија кои се очекуваат во овој момент.

НАТО продолжува да апелира до Русија да ја деескалира ситуацијата. Секоја натамоѓна руска агресија ќе има сериозни последици и висока цена. Сакаме да се вклучлиме во значаен дијалог со нив, работиме на односите со Русија за да го намалиме ризикот, да ја зголемиме транспарентноста и да ја спречиме пролиферцијатаа на оружје. Секоја нација има право да го избере својот пат, а НАТО покажа дека може да ги брани своите сојузници. Но, вие треба да бидете подготвени и за најлошото.

САД објавија дека ќе распоредат сили во Германија, Полска и Романија, како плус на сите досегашни нивни напори и распоредувања на сили во НАТО командите во број од 8.500 трупи. . Ние ја зголемивме подготвеноста на силите на НАТО и сметаме дека ќе треба да има дополнително распоредување во северниот дел на Алијансата. Ги поздравувам понудите на другите членови на Алијансата за распоредување на повеќе трупи, бродови и авиони, порача Столтенберг.

Тој наедно го поздрави фактот што толку бргу по изборот на функцијата Ковачевски дојде во посета во Брисел порачувајќи дека тоа покажува дека Македонија е битен партнер на Алијансата. Алијансата ја гарантира вашата безбедност и сега сте дел од политиката на воздухопловната заштита на НАТО. Ние се браниме меѓусебно, му порача Столтенберг на Ковачевски.

Премиерот Ковачевски изјави дека да се биде дел од НАТО значи безбедност, просперитет и сибурност за Македонија и дека ова стратешко достигнување е доказ за нашиот суверен и слободен избор и гаранција за нашата безбедност во Западен Балкан.

-Остануваме посветени на учеството во операциите и мисиите на НАТО. Разговаравме за Украина и како сојузник на НАТО се приклучуваме на апелите до Русија да деескалира ситуацијата и да го продолжи дијалогот. Целосно го поддржуваме целосно суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници. Ние сме силни, одлучни и обединети во нашата реакција како сојузници , а Северна Македонија останува целосно посветена на основачкиот договор во Вашингтон и на фундаменталните вредности и принципи на Алијансата, рече Ковачевски.