Најмалку 26 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Украина, во северозападниот округ Ровенска.
Во несреќата, која се случила вчера вечерта, учествувале комбе, автобус и цистерна. По судирот избил и пожар.
-Само 12 од 38 патници од автобусот преживеале, изјавил Герашченко.
Според првичните информации за несреќата виновен е возачот на комбето кој починал.
„Страна дејли“ пишува дека оваа сообраќајна несреќа е најголемата која се случила на украинските патишта во изминатата деценија.