Со седумминутен молк точно напладне, студентите и учениците од средните училишта во Скопје започнаа собир пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), каде денеска се одржува заеднички час во знак на почит кон жртвите од трагедијата во дискотеката во Кочани. Студентите со свеќи и молк им оддадоа почит на жртвите од пожарот во Кочани.
И покрај дождливото време, младите се собраа заедно за да ја искажат својата солидарност со семејствата на загинатите и да оддадат почит на оние што трагично ги загубија животите.
Погледнете го видеото.
View this post on Instagram
Студентите запалија свеќи и во тишина се поклонија во спомен на жртвите, испраќајќи порака дека трагедијата која ја потресе целата земја нема да биде заборавена.
На собирот присуствуваше и министерката за образование, Весна Јаневска, која заедно со младите оддаде почит на загинатите.