Студентските протести во Белград и Нови Сад ескалираа во понеделник вечерта. Групи демонстранти ги блокираа зградите на Радио Телевизија Србија и Радио Телевизија Војводина.
Студентите реагираат на, како што велат, игнорирање или искривено прикажување на протестите од страна на јавниот медиумски сервис.
Протестните групи организирано се упатија кон зградите на јавните сервиси во белградските населби Кошутњак и Таковска, како и во новосадскиот Мишелук. На Инстаграм, дел од организаторите објавија:
„Јавниот медиумски сервис работи против сите нас.“
Во известувањето на Радио Телевизија Србија, акцијата беше наречена „незаконска блокада“. Истовремено, директорот на РТВ, Горан Караџиќ, излезе со соопштение во кое тврди дека вработените биле „киднапирани“, а самата акција ја нарече „тероризам“.
И покрај ваквата реторика, студентските протести се одвиваат мирно, без насилство или нарушување на јавниот ред. Во Нови Сад, блокадата на РТВ е најавена како 24-часовна.
Овие настани се продолжение на граѓанското незадоволство што започна по трагичната смрт на 16 лица на железничката станица во Нови Сад, на 1 ноември. Организаторите на студентските протести бараат јасна одговорност од институциите и целосна слобода на јавниот медиумски сервис од политички влијанија.
Иако протестите продолжуваат, засега не е прецизирано колку ќе траат. Организаторите најавија дека блокадите остануваат на сила „до дополнително известување“.
Studenti u blokadi objavili su večeras da “protest traje dok se ne raspiše novi konkurs za REM ili dok se RTS ne ugasi”. Informacije o blokadi pratite u našoj vesti: https://t.co/mqfDkNVqZO pic.twitter.com/i4IUeZvzfW
— Insajder TV (@Insajder_net) April 14, 2025