Несреќата се случила на прометна крстосница

Вчера околу 18:40 часот на крстосницата меѓу булеварите „Србија“, „Јане Сандански“ и „Видое Смилевски – Бато“ во скопската населба Аеродром се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале четири патнички возила.

Повредени две лица

Според информациите од МВР, во судирот учествувале „БМВ“ управувано од О.К. (59) од Скопје, „Пежо“ управувано од М.К. (32) од Скопје, „Цитроен“ управуван од И.С. (25) од селото Текија и „Опел“ со кој управувал Д.Ј. (78) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „Пежо“, Ј.Д. (31) од Скопје, а возачот М.К. добил полесни повреди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 часа 🇲🇰 (@24chasa.mk)

Увид извршен од полицијата

Двете повредени лица биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.