Жестоки судири избувнаа вечерва во Тирана меѓу демонстранти од опозицијата и полицијата, откако илјадници луѓе излегоа на улиците барајќи оставка од премиерот Еди Рама. Протестот се одржа на 35-годишнината од падот на режимот на Енвер Хоџа и брзо ескалираше во насилство.

Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехника кон зградата на Владата, при што беше предизвикан пожар на фасадата.

Специјалните полициски единици употребија водни топови и солзавец за да ја потиснат толпата.

Поранешниот премиер Сали Бериша од говорницата изјави дека ова е „битка за спасување на Албанија“ од корупцијата и кражбата.

Тензиите се префрлија и пред Собранието, каде полицијата повторно употреби сила за да ги спречи обидите за упад.