Снежана Христоска е уште од една од измамените од Лајонес која утрово беше во нашето студио. И таа ја раскажа нејзината приказна каде надлежните ѝ ветувале брда и долини, а на крајот не ѝ кревале на телефон и ја префрлале топката.
Таа раскажува како течела измамата и што се случувало заткулисно. Едниот гостин утрово ги објасни „облаците“ и неговата приказна, а Снежана пак, ги објасни т.н. „балансни програми“ кои ветувале многу, но на крајот не се добило ништо.
Тие 2400 евра што ги вложивме да станеме премиум маркетери се распоредуваа во една балансна програма „бинарка“ на одредени нивоа. Имавме лична и по национални земји. Една единица требаше да исплати на прво ниво 3250 денари до крајно ниво 16000 евра. Ставивме на неколку национални земји кои во моментот влегоа. Подлажаа, пуштија по некој денар кај некои луѓе. Потоа не беше презентиран market place, тој беше претставен како платформа која ќе ја замени Али Експрес.
Снежана Христоска објаснува дека ништо од тоа не се исполнило. Практично тие гледале веќе успешен модел, а според тоа правеле нешто слично на тоа, а членовите ги држеле во неизвесност.
Бизнисот почна нормално. Се пренесуваше од уста на уста. Затоа е голем гневот. Јас имам голема мрежа од блиски луѓе. Сите тие луѓе се влезени на доверба. Велевме дека треба да веруваме, а не да проверуваме.
Но, сите несвесно влегле во лавиринт од којшто не можеле да излезат.
Со секој проект кој немаше да успее ни нудеа нов договор да прифатиме со кој потпишуваш нов договор. Тој т.н. „нов договор“ е дека компанијата напреднала и со тоа средствата се насочиле во нешто „многу подобро“. И доколку речеш „мене ми е доста до тука, јас ќе ги чекам облаците“, он вика мора да го прифатиш новиот договор. Влезен во лавиринт и не можеш да се откажеш. Правеа шема да мора да прифаќаме нови услови и нѐ држеа во неизвесност дека нашите пари се влезени во нешто многу поголемо.
Таа вели дека тогаш почнала сериозно да се сомнева. Целата емисија погледнете ја во продолжение: