Тачи сега е на истата страна, во коалиција и со Зијадин Села и со Али Ахмети. На прашање што ги обедини, ќе рече: „Иако се сметам за еден од најжестоките политичари во битките, секогаш сум внимавал тие битки да не се лични пресметки. Оваа соработка е од пред 20-тина години, ќе ве навратам на Призренскиот договор. Главниот столб на успешноста на Пржинскиот договор сме господинот Ахмети и јас. Во тие моменти беше тешко да ги донесеш, да седнат СДСМ и ВМРО. Зошто одлучив да одам во овој смер за помирување е опасноста од ситуацијата во која се наоѓаме“.

„Ние во интегративниот процес тапкаме во место. Мислам дека ќе бидеме смешни пред граѓаните ако се тепаме за мали работи. Ми сметаше последното политичко позиционирање на македонската опозиција, во врска со речникот, мислам на ВМРО-ДПМНЕ, Левица. Тој речник ме потсетува на деведесетите. Рејтинзите покажуваат дека тие се можни победници, ако се победници, да не се договараат со победникот кај албанскиот победнички кампус. Тоа е опасна ситуација“ вели Тачи.

Тачи во минатото за Ахмети изјави дека е „предавник, изнајмен убиец, а ДУИ е конгломерат на сите антиалбански интереси“.

На прашање дали политиката, а не националните интереси преовладувале во носењето на одлуката да се коалицира со ДУИ и АА, вели „Да, мислам дека кога работите ги вадите од контекст изгледаат глупи. Јавноста да не заборави дека ДУИ влезе во политика како поранешна герила. Треба да се најде опозиционен лидер за нив да ги дисциплинира. Во таа борба под наводници лидерот на опозицијата треба да е бескропулозен. ДУИ во 2024-та и ДУИ во 2002-ра година има огромна разлика“.

„Луѓето не можат да заборават дека ние сме дел од оваа влада последните 7 години. Државата успеавме да ја однесеме во НАТО. Ќе биде интересно ако ВМРО-ДПМНЕ не ја променат реториката кон Албанците, има трик, се збори за ДУИ, а сите знаеме дека се збори за Албанците. Ако ДУИ била коруптирана партија, што да кажувам за нивните сопартијци. На 24-ти навечер ВМРО и Мицкоски ќе се потрудат да го променат речникот кон Албанците, но тогаш може да биде касно“ смета Тачи.

Тој смета дека „интеграцискиот процес за Македонија е генералниот имунитет на оваа држава. Ако не постои интеграцискиот процес, ние сме на милиметар од растурање на оваа држава. Немој некој да се лаже дека ние Албанците сме задоволни од оваа ситуација. Јас никогаш нема да станам ДУИ, и никогаш нема да мислам како Ахмети, иако сме во коалиција“.

„Тој Изет Меџити нели е познат по таа урбана мафија во Чаир, нели Таравари успеа да купи куќа од милион евра во Скопје. Нели Касами на тетовчаните да им донесе сметка трипати поголема. Речникот на ВМРО-ДПМНЕ, истиот речник го употребува албанската опозиција, тој е антиалбански. Не можам рамнодушно да гледам“ вели Тачи.

На прашање зошто Мендух Тачи е на црната листа на САД, вели „Јас сум под забрана на виза, поради тоа што моите јавни изјави радикални се и оспоруваат имплементација на Охридски договор. Не можете да ме ставите во ист кош со овие што сега ги ставаат на црна листа, не е фер“.

Извор: Трилинг