Хрватската пејачка Нина Бадриќ преку Инстаграм се прости од својот драг колега Масимо Савиќ, кој почина по кратка битка со жестоката болест – ракот на белите дробови.

Пораката на Нина, како и заедничкото видео со Масимо го расплака регионот.

„Со цело срце верував дека ова е само уште една битка од која ќе излезеш како победник. Како и секогаш… Голем човек, исклучителен уметник, незаборавен во секој поглед… Искрено сочувство до семејството. Засекогаш ќе бидеш тука“ – напиша Нина на својот профил на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)