Портпаролот на Талибанците, Забихулах Муџахид на прес -конференцијата изјави:

-Нашиот план беше да застанеме пред главниот град, откако ќе ги окупираме сите други провинции, но за жал претходната влада беше толку неспособна што нивните сили не можеа да обезбедат безбедност во Кабул и поради тоа моравме да направиме нешто. Тие сакаа да влегуваат во куќи, да малтретираат луѓе и да крадат, па затоа влеговме во Кабул за да се осигураме дека Кабул е безбеден

Тој посочи дека по 20 години окупација, талибанците конечно успеале да ги протераат странците од нивната земја.

-По 20 години борба, ја еманципиравме земјата и ги протеравме странците. Ова е момент на гордост за целата земја – рече Муџахид, кој за прв пат се појави пред камера.

Тој посочи дека талибанците им ги гарантираат сите права на жените според шеријатскиот закон.

-Жените можат да работат во образованието и здравството. Ако меѓународната заедница е загрижена, таа треба да знае дека нашите жени ќе ги имаат сите права според шеријатот. Нашите жени се муслиманки и тие мора да го почитуваат шеријатскиот закон – рече тој.

Тој, исто така, истакна дека талибанците им простиле на сите што се бореле против нив.

-Не сакаме повеќе војна во Авганистан. Им простивме на сите што се бореа против нас. Непријателствата мора да престанат, рече тој.