Техеран во пламен – силни воздушни удари
САД и Израел и денеска ги продолжуваат интензивните воздушни напади врз позиции на иранската Револуционерна гарда во Техеран и во повеќе делови од Иран. Акциите се спроведуваат во рамки на заедничката воена кампања што започна на 28 февруари.
Цел на нападите – воени и командни структури
Според извештаите на меѓународните медиуми, во иранската престолнина одекнале серија силни експлозии. Мета на нападите биле командни центри, воени бази, како и инфраструктура поврзана со Револуционерната гарда.
View this post on Instagram
Координирана операција против военото раководство
Офанзивата претставува дел од координирана операција на САД и Израел, насочена кон ослабување на воените структури и раководството на иранскиот режим. Во претходните напади биле погодени десетици воени цели, при што биле ликвидирани повеќе високи ирански функционери.
