Напнато по завршувањето на рочиштето

По завршетокот на денешното рочиште, родителите на загинатите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ го искажаа својот револт додека заедно со адвокатите се упатуваа кон автомобилите. Полицијата со засилени сили внимателно ја следеше состојбата во и околу судницата во „Идризово“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)

Вербални напади без физички инциденти

Дел од родителите упатија остри вербални пораки кон неколку адвокати од Кочани кои застапуваат обвинети во предметот. „За колку пари се продадовте“, „Повторно ги убивате нашите деца“, „Осум месеци нè убивате“, извикаа дел од нив. И покрај тензиите, ситуацијата остана само на зборови, додека еден од адвокатите возврати: „Законот е таков, мора да имаат бранител“.

Златкова: Револт кон адвокатите постои одамна

За незадоволството насочено кон адвокатите од Кочани, пред почетокот на рочиштето говореше и Јулија Златкова, мајка на Томас Златков, кој го загуби животот во пожарот. Таа го пренесе ставот на семејствата кои веќе месеци ја бараат правдата.