Обиди за апсење на Милорад Додик
Во Источно Сараево, Милорад Додик е во фокусот на настаните откако беше издаден налог за негово апсење. Специјалните сили на МВР на Република Српска, опремени со долги цевки, ја обезбедуваат зградата на Владата на Република Српска, пренесува Аваз.
Силен полициски кордон и строги контроли
Полицијата го проверува секој минувач, а пристапот до Административниот центар на Владата е ограничен. Новинарските екипи се држат на дистанца, а медиумското покривање на теренот е ограничено.
Повеќе може да погледнете од видеото во продолжение на кое се забележуваат претресите на полициските сили.
Еве како изгледа и од друг агол.
Наредба за апсење поради напад на уставниот поредок
Според Судот на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, заедно со Ненад Стевандиќ и Радован Вишковиќ, се осомничени за напад на уставниот поредок на БиХ. СИПА дејствуваше по судска наредба, но беше спречена од МВР на Република Српска и САЈ.
Нејасен статус на Милорад Додик
Сѐ уште не е потврдено дали Додик се наоѓа во зградата или е евакуиран. Неколку возила рано утрово ја напуштија гаражата, што отвори нови прашања околу неговата локација.
Тензии, но и привремено смирување
Иако ноќта помина со зголемена тензија, ситуацијата утринава е помирна, иако силното полициско присуство и натаму предизвикува неизвесност. Централната потерница за Додик, Вишковиќ и Стевандиќ останува активна.