Тежок инцидент се случи денеска во Кочани откако Аки Акиов, советник поддржувач на СДСМ, кој гласаше за в.д. Венко Крстевски, нападна советник за време на денешната седница на советот на Општина Кочани.
Притоа, тој со стаклено шише ја погоди правничката во Општина Кочани, Ана Кралева. Екипа на МВР пристигна и во моментот присутните се повикани во ПС во Кочани за да дадат изјави.
Погледнете го видеото.
За потсетување, новиот в.д. градоначалник Венко Крстевски е поддржан од СДСМ.