Според информациите на Курир од терен, во несреќата учествувале неколку возила.

Неофицијално, судирот се случил меѓу два автомобили, по што оштетени биле и паркирани возила.

Првично и неофицијално, неколку лица се пожалиле на полесни повреди, но засега нема официјална потврда.

Од МВР за Курир првично потврдија дека е пријавена сообраќајна несреќа меѓу две возила кои верижно по судирот удриле во други две возила.

Повеќе детали се очекуваат по завршување на увидот.