Во Тетово денеска се одржува протестна кој демонстрантите даваат поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во модуларната ковид-болница и бараат правда и одговорност за трагедијата.
Демонстрантите со јајца ја гаѓаа зградата на Општината, а се обидоа да стигнат и до седиштето на ДУИ. Во обидот да стигнат до таму, се судија и со полицијата, кон која исто така фрлаа со јајца.
Дополнително, демонстрантите се обидоа да нападнат полицијка, а тоа може да го погледнете ТУКА.
Во пожарот во модуларната болница кој избувна вечерта на 8 септември, животот го загубија 14 лица, а 12 беа повредени.