Како што јавуваат италијанските медиуми, меѓу загинатите има пожарникар кој не бил на должност и 86-годишен маж. Двајцата биле во своите автомобили кога торнадото го зафатил крајбрежниот пат.

Четири лица од повредените се во критична состојба. Некои ќе бидат пренесени во сицилијанскиот град Палермо.

Од невремето има урнати кровови и превртени автомобили.

Иако торнадата обично не се поврзуваат со Европа, секоја година се случуваат неколку стотици. За многу од нив нема информации бидејќи се јавуваат во некои оддалечени рурални области.

Годинава торнадо ја зафати и Чешка, при што загинаа пет лица, а 150 беа повредени.