„Торнадо“ во Санторини во Грција крена и преврте куќа.
Жителите на Картерадос беа сведоци на оваа страшна глетка. Како што изјавија за Прототема, куќата била празна и немало жртви.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис им нареди на службите за итни случаи и војската да помогнат во поставувањето на одбрана од поплави во северниот регион на Тесалија и другите погодени региони. Грчките пожарникари евакуирале повеќе од 3.000 луѓе меѓу вторникот и средата. По невремето, во Грција се активирани свлечишта и се уништени патишта.