Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево на прес-конференција соопшти дека поранешен премиер и прв вицепремиер се дел од истрагата околу аферата со криминалот во Државна лотарија. Опфатени се и поранешен генерален секретар и државни службеници. Посочи дека утринава постапувајќи по наредба на Основното јавно обвинителство- Скопје извршени се повеќе претреси и активности.
– Постапено е по кривична пријава којашто на 13.12.2024 година од страна на Одделот за сузбивање на Организиран криминал и корупција, Сектор за криминалистички истраги и единица за корупција против осум физички лица, од кои едниот е поранешен премиер, едниот е поранешен вицепремиер, едниот е поранешен директор на едно правно лице и едниот е поранешен Генерален секретар, останатите се државни службеници, коишто работат во рамките на едно од правните лица. Во оваа фаза постои сомнение дека истите сториле повеќе кривични дела, коишто на крајот имаат доведено до поголема штета на буџетот на македонските граѓани, рече Тошковски.
Многу добро знае јавноста кои се тие две лица, рече Тошковски. Јас би упатил јавен повик, од еден од тие двајца кои во текот на вчерашниот ден кажа дека доброволно ќе се врати во Македонија, јас сакам да му верувам, кажа дека е чист како солза, пак сакам да му верувам, еве јавно упатувам да истиот се врати во Македонија, ако не е вратен, и да им овозможи на институциите соодветно да ја истераат оваа постапка, рече Тошковски.
При претресите кај еден од нив се пронајдени парични средства во износ од околу 40.000 евра, а кај второсомничниот околу 20.000 евра, додека две од предметните лица не се достапни на органите на прогонот.
Министерот за внатрешни работи, Тошковски не ги објави имињата, бидејќи овој случај е во рана фаза. Извршен е претрес кај лицата. Прашан за првиот вицепремиер, Артан Груби дека е надвор од државата, Тошковски со одговор дека лицето е излезено надвор од државата, а какошто вели „сакам да ја информирам јавноста дека се сторени пропусти од страна на граничната полиција, се води истрага во моментов“.
Поранешниот вицепремиер Груби вчера во објава на Фејсбук