И во зимскиот период пожарникарите се со полни раце работа. Од ТППЕ Струмица денес информираа дека имала три интервенции.

Во раните утрински часови околу 03.42 часот, извлекувале починато лице заедно со трактор кој беше паднат во каналот од поројот кој води од ул.Крушевска република кон с.Сачево. Таму било интервенирано со едно ПП возило и четири пожарникари-спасители.

– Во 14.24 часот, запалена куќа на ул.Бошко Буха бр.6, а интервенирале со две ПП возила и седум пожарникари-спасители. Додека во 16.35 часот, гаселе запалена депонија во близина на с.Градско Балдовци, а интервенирале со едно возило и двајца пожарникари-спасители, сооштија од ТППЕ Струмица.