Патнички автобус излетал од патот и се превртел во провалија, при што загинаа осум лица, а 26 патници се повредени

 

Патнички автобус кој сообраќал на релација од Текирдаг кон Анталија излетал од патот и се превртел во провалија, при што загинаа осум лица, а 26 патници се повредени, соопштија турските власти.

Несреќата се случила утринава околу 10:20 часот во општината Дошемеалти, на крстосницата Комурлер, потврди гувернерот на Анталија, Хулуси Шахин. Во автобусот во моментот на несреќата имало вкупно 34 патници.

Според првичните информации, возилото не успеало да совлада остар свиок на лизгав коловоз, по што излетало од патот и завршило во провалија. На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на итната медицинска помош, пожарникари, припадници на АФАД, жандармеријата и полицијата.

Повредените 26 лица се пренесени во околните болници, а кај дел од нив здравствената состојба е сериозна.

Гувернерот Шахин изјави дека точната причина за несреќата ќе биде утврдена по техничка истрага, но посочи дека условите на патот биле неповолни.

Колoвозот бил влажен, а во регионот имало и магла. Ова не е делница за брзо возење, но според првичните индикации, автобусот се движел со поголема брзина“, изјави тој.

Увидот и расчистувањето на местото на несреќата сè уште траат.