Трагичен крај на потрагата на повидок!?
Шестте лица кои се водат за исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор откако товарен брод удри во него, се претпоставува дека се мртви. Ова го соопшти американската крајбрежна стража и додаде дека потрагата по преживеани е запрена, јави ДПА.
Со оглед на должината на операцијата за спасување и температурата на водата, „не мислиме дека ќе најдеме живи некој од овие луѓе“, рече контраадминистраторот Шенон Гилрет. Потрагата ќе продолжи преку вода само со помош на водни летала.
Најмалку две лица вчера беа извлечени од водата
Бродот „Дали“ кој ја предизвика несреќата пловел под знаме на Сингапур и половина час пред да удри во мостот патувал за Коломбо, Шри Ланка.
BREAKING: Footage shows the moment a major bridge collapsed in the US city of Baltimore after it was hit by a cargo ship.
Full story: https://t.co/DZlFHY2Sdn
📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/PiLGxXqdjY
— Sky News (@SkyNews) March 26, 2024
Автомобили паднале во реката
Службите за итни случаи трагаат по најмалку 20 луѓе за кои се верува дека се во водата, изјави Кевин Картрајт, директор за комуникации на противпожарната служба во Балтимор. Најмалку седум автомобили паднале во реката.
The Francis Scott Key Bridge in Baltimore, Maryland which crosses the Patapsco River has reportedly Collapsed within the last few minutes after being Struck by a Large Container Ship; a Mass Casualty Incident has been Declared with over a Dozen Cars and many Individuals said to… pic.twitter.com/SsPMU8Mjph
— OSINTdefender (@sentdefender) March 26, 2024
Во моментот на несреќата, на мостот имало работници кои го поправале коловозот. Сепак, не е јасно колку точно имало. Крајбрежната стража соопшти дека знаела за исчезнати шест лица.
Прочитајте повеќе во продолжение:
(ВИДЕО) ДЕТАЛНО ОБЈАСНЕТО: Се урна мост во Балтимор, пронајдени првите жртви