Утрово на Радио Лидер гостуваше лидерот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов. Со него се дискутираше на актуелните политички прашања, а едно од нив беше и „Зошто Демократски Сојуз остана дел од владата на Ковачевски“?

Во ова интервју детали за работата на владата и собранието ни изнесе претседателот на демократскиот сојуз, Павле Трајанов во ексклузивното гостување на „Еспресо со Златев и Боцевски“. Тој ни кажуваше дека за да остане во владата на Ковачевски, Зоран Заев го убедувал дека сите ќе ги носат во Елисејската Палата за да почне втората седница на владата со ЕУ.

На прашањето од новинарот Златев „Зошто прифативте воопшто Ковачевски да биде премиер и да се биде со него во колација кога никој не го гласал“, детален одговор даде Трајанов и објасни за лагите кои им биле ветувани.

„Значи тогаш презентирана големата лажна приказна од Зоран Заев. Кога си поднесе оставка Заев тогаш со себе, колабираше СДСМ и на самите избори логично беше да се организираат предвремени парламентарни избори. Но, на нам ни беше презентирана приказна дека штотуку не почнале преговорите за влез на Македонија во ЕУ. Дека Макрон некаде на 15 декември кога ќе преземе претседавањето, дека без влада ќе одложат активностите за започнување на преговори. Потоа, беше проценка и од странскиот фактор со којшто разговаравме дека тој процес е веќе при крај и после промени во една фаза: На 13 јануари сите одиме во Елисејска палата, Влада и коалициони партнери и тогаш без било какви уцени, дали промена на Устав, Бугари да се внесени, велеа дека се е усогласено“, вели Трајанов.