Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска изјави дека со измените и дополнувањата на Законот за работни односи, поврзани со коридорите 8 и 10д и 60-часовната недела се предвидува ангажирање на работници за прекувремена работа со нивна согласност.
Тренчевска рече дека понекогаш процесите за изградба на инфраструктура бараат итност, а некои не можат да се прекинат. Оваа одредба би била неуставна, додава таа, само доколку 60-часовната недела се однесува на сите работници.