Пожарот кој вчера избувна во Трубарево во целост е изгаснат. Пламените јазици го зафатија магацинискиот дел на фабрика за рециклажа на електричен отпад и пластика.
Пожарот го гасеа Бригадата за противпожарна заштита Скопје, хеликоптер на МВР, Ер трактор, Пинц и БТР на Дирекцијата за заштита и спасување, но заради сложеноста беше вклучена и механизација.