Граѓаните од главниот град се жалат на миризбата која создаде „црн облак над Скопје“. Според извори на МКД.мк гори меѓу селата Таор и Ржаничино. Овој пожар избил попладнево на територијата на Општина Петровец Се крева голем црн чад. Гори сува трева на неколку локации.
Противпожарни единици на Скопје веќе се на терен. Видеото може да го погледнете во продолжение: