На 12 ноември во павилјонот Венчанг на планината Фенгхуанг во Жангџијанг, провинција Џангсу, избувна пожар што целосно го зафати објектот, јави Дејли меил. Драматичните снимки прикажуваат како трикатната зграда гори во пламен, додека густ црн чад се крева високо кон небото.

Големи парчиња од дрвениот покрив паднале на земја додека храмот се урнувал, но официјалните лица соопштија дека нема повредени и дека огнот не се проширил на околните шумски површини.

Прелиминарната истрага укажува дека пожарот го предизвикал турист кој неправилно пали темјан и свеќи. Властите посочија дека павилјонот, изграден во октомври 2009 година, не содржел културни вредности и дека сите објекти во храмскиот комплекс се модерни градби, без остатоци од стара архитектура.

Според официјалните податоци, павилјонот е изграден во армирано-бетонска рамка и пуштен во употреба во 2008 година, а управуван е од соседниот храм Јонгкинг. Иако оригиналниот храм Јонгкинг постоел со векови, сегашните згради биле обновени во 1990-тите.

Локалните власти најавија засилени безбедносни мерки и реновирање на оштетениот павилјон, со цел да се зачува традиционалниот архитектонски стил на локацијата.