Контроверзниот бизнисмен од Турција, Седат Пекер, на кого МВР му издало македонска лична карта со украден идентитет на лицето, Џадин Амедовски, не криел дека е во Македонија, туку напротив имал и неколку средби до познати бизнисмени, но и со градоначалници.

Шефот на турската мафија бил осуден на 14-годишна затворска казна во 2007 година под обвиненија за предводење на криминална организација, грабеж, фалсификување и две точки за незаконско лишување од слобода. Тој избегал од Турција во јануари минатата година под сомнителни околности.

Едно од видеата кои ги објавил е поставено на 25-ти февруари 2020-та година. На него тој се шета низ кањонот и уживаа во природните убавини.

На друго видео, поставено на неговиот Јутуб канал се гледа како тој се вози и со чамец на езерото Матка.