Поранешниот претседател на Иран и актуелен член на Врховниот совет, Махмуд Ахмадинеџад, е убиен во жесток воздушен напад на израелските и американските сили врз населбата Нармак во Техеран.

Според новинската агенција ILNA, Ахмадинеџад загинал во својата резиденција заедно со целото негово обезбедување, при директен удар врз овој дел од главниот град.

Ахмадинеџад беше шести претседател на Иран и ја водеше земјата од 2005 до 2013 година.

Покрај ILNA, информацијата ја објавија и повеќе ирански медиуми.

Со ова, по убиството на врховниот лидер Али Хамнеи, Иран останува без уште една значајна политичка фигура која ја одбележа поновата историја на земјата.