Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денска во Тетово, информира ТВ21.
Неофицијално, убиството е извршено со автоматска пушка. Засега не се открива идентитетот на убиениот.
Според првичните информации убиецот користел автоматска пушка. Покрај убиениот, се шпекулира дека е повреден и случаен минувач. Сомнежи за убиството се одмазда и нерасчистени односи. Полицијата засега не дава повеќе детали поради тековниот увид.
Полицијата ја продолжува истрагата, а се очекува јавноста наскоро повеќе да биде информирана за овој настан.
View this post on Instagram