За два дена втор напад со дрон врз објект во центарот на Москва. Руското министерство за одбрана соопшти дека две украински безпилотни летала биле регистрирани и соборени од страна на руските одбрамбени сили но едното летало се срушило врз објектот по што одекнала силна експлозија.
За сега нема пријави за повредени или жртви, предизвикана е видлива материјална штета.
Градоначалникот Сергеј Собјанин го потврди нападот и изјави дека војската успешно уништила еден дрон со системи за противвоздушна одбрана во областа Одинцово во Московската област.
Станува збор за зградата која беше погодена во неделата во напад со дрон.
#Ukraine keeps trying to hit the same #Moscow skyscraper with drones.
The damage is minimal no military or strategic importance but the response will likely follow. What was the point? All it does is harden the hearts. pic.twitter.com/K7MJgHMoxx— Arthur Morgan (@ArthurM40330824) August 1, 2023
Министерството за одбрана соопшти дека се работи за „терористички напад на режимот во Киев“.
„Повторно соборивме беспилотно летало над радио-електронската опрема и тој ја изгуби контролата и удри во нестанбена зграда во Москва Сити“, се вели во појаснувањето на инцидентот.
Два дена претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека војната доаѓа во Русија.
Во неделата над Москва беа соборени три беспилотни летала. Украинците не ја презедоа одговорноста за нападите.